Македонија
Одлука на Влада: Нема веќе полициски час, кафеаните се отвораат од четврток
Владата денес донесе одлука за целосно укинување на забраната за движење, која почнува да важи од утре (27 мај). Ова го соопшти на прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Друга одлука која е донесена од Владата е отворање на угостителските објекти од четврток, која се однесува само на летните тераси и под утврдени правила и протоколи за заштита од коронавирус.
„Македонското здравство реагираше соодветно и навремено, постојано потенцирам дека сите одлуки се носеле врз основа на стручни анализи и препораки од Комисијата за заразни болести. И за денешените одлуки има суштински причини. Состојбата е под контрола, бројот на активни случаи е стабилен, а зголемениот број заболени изминатите денови е резултат на непочитување на рестриктивните мерки, а кластерите се познати. Оваа нова фаза не значи дека коронавирусот е победен. Треба да прифатиме дека пандемијата не е завршена, вирусот е присутен и е закана за секој еден граѓанин, а секое релативизирање штети на борбата против вирусот.“, рече Спасовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди