Вести
Одреден терминот за бараж дуелите за ЕП 2020: Македонија – Косово на 26 март во Скопје
Македонската фудбалска репрезентација денеска го дозна финалниот распоред за бараж натпреварите, преку кои нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе бара историски пласман на Европското првенство следната година.
Полуфиналниот натпревар против репрезентацијата на Косово ќе го одигра на 26 март, со почеток во 20.45 часот во Скопје.
Доколку „рисовите“ се пласираат во финале, само уште 90 минути ќе ги делат од историски успех и пласман на Европско првенство. Финалниот натпревар ќе се игра во земјата на подобриот од дуелот Грузија и Белорусија, кој ќе се одигра на 31 март, 2020 година.
Од македонската фудбалска репрезентација изјавија дека не се баш задоволни од ждрепката, но очекуваат среќата која не ги послужи денеска во Нион, да ги послужи на теренот во овие натпревари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар