Вести
Одредени приоритетите на општина Гостивар за изградба на канализации
За разлика од претходните седници на општинскиот Совет на Гостивар, на кои се водеа жестоки дебати и за многу прашања политичките противници не можеа да најдат заеднички јазик, денес советниците од двете страни гласаа ЗА и усвоија повеќе одлуки кои се донесуваат на проекти за подобрување на водоснабдувањето на Гостивар и изградба на канализации.
Советот даде зелено светло на Јавното претпријатие “Комуналец” за долгорочно кредитно задолжување кај Република Македонија за финансирање на проектот “Водовод и Канализација Прва Фаза – Втор Чекор. Станува збор за продолжување на проектот кој се реализира со поддршка на Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоснабдувањето во Гостивар.
Исто така, советниците донесоа одлука за одредување на приоритетните проекти за фекална и атмосферска канализација. Приоритетите опфаќаат изградба на канализации во населбите Циглана, Фазанерија, Грудајца, Карагач и селото Дебреше.
На денешната седница беше изгласана и приоритетна реконструкција на Домот на културата “Божидар Мицкоски“ во село Железна Река.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар