Парламентарни избори 2020
Официјален старт на трката на Парламентарните избори 2020
Од ноќеска на полноќ официјално започна изборната кампања за предвремените Парламентарни избори 2020-та. Партиите ја стартуваат трката по гласови, овојпат во поинакви услови, на ковид пандемија. Извесно е дека масовни собири и митинзи нема да се организираат, а според најавите на политичките чинители кампањата ќе се концентрира на средби со граѓани во помал обем, обраќања преку прес конференции, социјални мрежи, онлајн медиуми и слично.
Кампањата ќе трае до 12 јули на полноќ, кога настапува предизборен молк. Гласањето ќе се спроведува три дена. На 13 јули ќе гласаат лицата кои се ковид позитивни во домашен карантин и лицата кои се во изолација. Следниот ден, на 14 јули ќе гласаат немоќните и болните лица, како и затвореници, лица во домашен притвор кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите. Главен ден на избори е 15 јули, кога гласањето пак ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 7 до 21 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград