Гостивар
Официјално: Струјата поскапува за 7,4 % – евтината тарифа не се укинува
Се зголемува цената на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, ја соопшти одлуката за поскапување на цената на струјата за 7,4 %.
„Сите енергетски компании во земјава побараа зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата. Знаеме дека оваа одлука ќе влијае врз крајните потрошувачи. Нашите пресметки покажаа дека на месечна сметка за електрична енергија од 1.500 денари, со поскапувањето доаѓаат за плаќање плус 100 денари.“, рече Бислимоски.
Тој исто така, информираше и дека имајќи ја предвид пандемијата, евтината тарифа нема да се укине и останува во истите термини.
Новата цена на струјата ќе биде околу 5,9 денари за киловат во скапа тарифа и 2,9 денари во евтина тарифа.
Новата цена почнува да важи од утре (1 август)
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија