Поврзи се со нас

Гостивар

Официјално отворена компанијата Мегаметал во средното техничко во Гостивар

Објавено

на

На пригодна свеченост, во средното техничко училиште во Гостивар денес официјално беше означен стартот на реалната компанија Мегаметал, која ќе произведува украсни и корисни производи од метал. Компанијата е отворена преку грант од проект за развој на вештини и поддршка на иновации, финансиран од Светската банка во висина од 30 илјади евра.

На овој начин средношколците добиваат можност да учат преку практична работа во самото училиште. Компанијата е опремена со најсовремена технологија CNC машина за сечење на метал.

„Мегаметал 2018, е резултат на едногодишната напорна работа на повеќе професори, ученици, раководството на училиштето и партнер компанијата „Про група“ од Битола. Денес, ние во училиштето имаме компанија со свои органи на управување, соодветни акти и најважно машини и друга опрема со која може да произведуваме, едуцираме и да бидеме иновативни. Наша следна цел е во неа да ги интегрираме и другите струки и да го направиме нашето училиште лидер во стручното образование“, рече во своето обраќање, координаторот на проектот, професорот Екрем Мифтари.

На свеченото отворање зборуваше и директорот на техничкото училиште, Садудин Садики. „Горди сме на нашите заедничка работа и достигнувањата. Нашето училиште со години подготвува професионални кадри, кои успешно водат и работат во компании во нашиот град, земјава и пошироко. Со иста посветеност и труд ќе продолжиме и во иднина, да ги унапредуваме професионалните кадри“, рече Садики.

Мегаметал ќе произведува: урбана опрема (клупи, корпи за отпад, светилки), предмети за домаќинство (полици, корпи), опрема за градежништво (држачи, окови, носачи, огради) урбана опрема за рекламирање како и предмети по порачка.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена