Македонија
Оглас за 40 oбразовни медијатори за поддршка на основци Роми, вклучен и Гостивар

Министерството за образование и наука објави повик за ангажирање 40 ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2023/2024 година.
Право да се пријават на Конкурсот за образовни медијатори имаат лица од општините во државава со поголем број ученици од ромската етничка заедница: Шуто Оризари, Чаир, Центар, Бутел, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Тетово, Гостивар, Кичево, Oхрид, Струга, Неготино, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес, Градско, Кавадарци и Крива Паланка.
Условите кои треба да ги исполнуваат се: да се невработени; да се државјани на Република Северна Македонија и да се припадници на ромската етничка заедница.
Медијаторот треба да работи со учениците, да соработува со училиштето, да работи и соработува со родителите/старателите и заедницата и да реализира редовни посети на терен и да работи со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други институции и организации.
„Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците“, се наведува во објавениот повик.
Ромските образовни медијатори ќе добиваат месечен хонорар 18.000 денари бруто за период од три месеци во текот на 2023 година и седум месеци во текот на 2024 година.
МОН во објавениот повик за привремено ангажирање 40 образовни медијатори ги има наведено критериумите за избор на медијатори: најмалку четиригодишно средно образование; развиени комуникациски и компјутерски вештини (Microsoft Оffice), искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата и
кандидатот да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи.
Предност при селекција ќе имаат кандидатите со сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство, кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува и кои веќе имаат искуство во работењето како ромски образовен медијатор, и кои ги исполниле своите обврски кон програмата и Министерството за образование и наука.
Кандидатите кои се пријавуваат согласно Јавниот повик, потребно е до Министерството за образование и наука (ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје) најдоцна до 15 септември 2023 .
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!