Македонија
Оглас за вработување на 100 војници во Армијата

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 100 професионални војници на служба во Армијата за работа на определено работно време, со договор за вработување во времетраење од 4 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.
Во огласот се наведува дека кандидатите треба да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија и да имаат посебна здравствена и физичка способност. Исто така, да имаат завршено средно образовани и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Минималната висина на кандидатите е на границата од 160 см, а максималната висина да не надминува 200 см. Телесната тежина на кандидатите да не надминува 30% од идеалната тежина (идеална тежина = висина – 100 за мажи, односно висина – 110 за жени) и да не изнесува под 20% од идеалната тежина
Работното време е од 8 часот до 16 часот. Платата изнесува над 25.000 денари, со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.
Сите детали на следниот ЛИНК.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград