Македонија
Огласи за вработување во државни и јавни институции, плата од 14 до 36 илјади денари

Периодов активни се неколку огласи за вработувања на службеници во државни и јавни институции. Еве, каков кадар се бара.
Државното Правобранителство вработува 6 државни службеници за следните работни места:
- Раководител на одделение за матична евиденција, Сектор за управување со човечки ресурси извршител (нето износ на плата од 28.068,00 денари, согласно годишниот план на институцијата местото е предвидено за Албанец(ка),2. Соработник за информативен систем за апликативни и хардверски решенија и база на податоци (нето износ на плата: 22.342,00 денари, согласно годишниот план на институцијата местото е предвидено за Македонец(ка)
3. Помлад соработник за евиденција на вработени (нето износ на плата: 20.849,00 денари, согласно годишниот план на институцијата местото е предвидено за Македонец(ка)
4. Помлад соработник за правни работи (нето износ на плата: 20.849,00 денари, согласно годишниот план предвидени по едно место за: Македонец(ка), Турчин(ка).
5. Виш референт – Архивар (нето плата 14.876,00 денари, согласно годишниот план предвидено за Македонец(ка).
Овој оглас трае до 5 јуни. Деталите за пријавување ги има ОВДЕ.
Јавното претпријатие за државни патишта вработува 5 јавни службеници:
1. Сoветник за инвестиции и градба на патишта со средства од РМ (нето плата: 36.140,00 денари, согласно годишниот план за Македонец(ка).
2. Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од МФИ (нето плата: 36.140,00 денари, предвидени 2 места за Македонец(ка) и едно за Албанец(ка).
3. Советник за инвестиции од делот за електроенергетски објекти, (нето плата: 36.140,00 денари, предвидено за Македонец(ка).
Огласот трае до 6 јуни. Деталите за пријавувањето ОВДЕ
Министерството за финансии има оглас за вработување на определено време, (до истекот на мандатот на министерот за финансии) за едно лице како Посебен советник за макроекономска политика. Се бара кандидат со најмалку 5 години работно искуство во струката и најмалку 3 години работа во меѓународни организации на стратешко планирање и економска проблематика. Основна нето плата – 35. 679, 00 денари. Огласот трае до 28 мај, а документација се доставува на адреса на Министерството за финансии.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите