Гостивар
Огнен Караѓозовски и Марина Петровска младенци на годинешната Галичка свадба
Традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули. За зет и невеста, Месната заедница Галичник ги избра Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска. Младенците ќе ја крунисаат својата љубов низ триесетина обичаи коишто се белег на галичкиот крај, негувани и пренесувани со генерации: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот и други.
Галичка свадба е најзначајниот настан од Галичкото културно лето и се организира по повод празникот Петровден. Карактеристична е по автентичните свадбарски адети на Галичник и оригинална носијата на невестата, тешка 25 килограми составена од педесетина делови, изработени со филигранска прецизност.
Според најавите, на 12-ти јули во Галичник, во предвечерието на Галичката свадба 2019, целовечерен концерт ќе одржи Џијан Емин во соработка со Македонската Филхармонија и Здружението на џез музичари на Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар