Македонија
Огнената група најави онлајн петиција за разрешување на министрите од ДУИ

Со петиција на интернет „Огнената група“ на ДУИ вели дека ќе почне обид за разрешување на Артан Груби и на владини министри. Ова вчера го најави претставникот на групата Изет Меџити по собирот со граѓани за кој рече дека покажува огромна бројка на незадоволни во ДУИ.
–Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите, истакна Изет Меџити во изјава за ТВ Телма.
Според него, членовите на ДУИ кои не се согласуваат со работата на министрите во Владата имаат разни притисоци. Тврди дека веќе неколкумина имаат добиени откази, а дел се под притисок со разни контроли и инспекциски надзори.
–Контрадикторен е бидејќи во театарот во Скопје даде рака за помирување, а истата вечер разреши 5-6 функционери коишто различно размислуваат и не враќа во комунизам во политичкото диференцирање, кое што уште постарите генерации го паметат тоа, значи сите кои што не размислуваат како Груби ќе сносат последици и ќе бидат разрешени, рече Меџити.
Според Огнена група нивните средби со граѓаните се повеќе посетени и затоа сметаат дека, како што велат, во паника раководството ја смислило кампњата „Тој доаѓа“ за да се дефокусира јавноста.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава