Гостивар
„Огнените“ во Гостивар: Ова е Коалиција за Груби, а не Коалиција за Европа

„Огнената група“ од ДУИ вечерва одржа средба со граѓани во Гостивар на која искажаа низа критики кон сопартиецот Артан Груби, побараа дебата во раководството и Отворени листи.
„Во време кога власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан, зема пратеници од опозицијата, значи тоа е Коалиција за Груби, а не за Европа. Трчајќи да правиме акробации за 81, можеби немаме ни 61 пратеник. Видовме дека не сме на вистинскиот пат, затоа што ги слушаме граѓаните, тие рекоа фала што излеговте да ја спасите ДУИ, како што почна Артан се плашиме дека ќе ги изгубиме изборите. Не излеговме да бараме позиции, туку да го спасиме лицето на Али Ахмети. Грешка беше Артан Груби да биде организационен секретар бидејќи не ја познава структурата. Имаме парламент со лојални, но не и квалитетни пратеници. Ни требаат Отворени листи “, рече потпретседателот на ДУИ и пратеник, Изет Меџити.
Муса Џафери, претседател на Надзорниот совет, го цитираше албанскиот премиер Еди Рама дека Артан е најдобриот Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците. „Шефот на извршната власт во име на ДУИ продолжува да ги навредува членовите на партијата, без никаква одговорност, дали мислите дека ќе дозволиме да ја уништи партијата после сите напори што ги дадовме за оваа партија. Ја имаме поддршката на граѓаните, а тоа го гледаат по реакциите на дебатите“, рече Џафери.
Екс градоначалникот на Гостивар и член на претседателството на ДУИ, Невзат Бејта истакна:
„Дваесет години на овој град и на оваа партија дадовме се‘, а сега од огранокот ме оддалечува кланот наречен огранок на ДУИ. Сме се жртвувале, не велам само јас, туку членовите на ДУИ со своите семејства за доброто на граѓаните на Гостивар и државата. Ќе продолжиме да се жртвуваме уште повеќе. Благодарни сме за добрите дела што ги направивме за нашите граѓани. Јас бев политички елиминиран, но еве вечерва ви велам дека ќе бидам во служба на Гостивар и ќе се занимавам со политика, се‘ додека граѓаните тоа го сакаат и го бараат од мене. Артан Груби нема ниту еден проект направено за доброто на Гостивар, а граѓаните имаат проблеми кои треба да се решаваат. Европа не сака далаверџии, туку сака работници, и таа коалицијата што ја прават не е за Европа, туку за лични интереси“, изјави Бејта.
Заменик министерот за одбрана Башким Хасани во обраќањето кажа дека на собирите „Заедно за Европа“ има клевети и лични обвинувања на сопартијци. „Тие што повикуваат на одговорност од мене, ви велам дадете отчет за сработеното, додека Артан нема легитимитет да бара одговорност од мене, тој што може да бара од мене одговороност е лидерот на партијата Али Ахмети, но не Артан“, рече Хасани.
На средбата во Гостивар се обратија и Саранда Имери, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава