Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 15/04/2019 | 11:23

Ограбена црквата „Света Петка“ во Гостивар

Во периодот помеѓу 12-ти и 14-ти април непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Света Петка“ на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар, информираат од полицијата.

Кражбата ја пријавил седумдесет и деветгодишниот гостиварец С.Ј, кој вчера околу 7 часот и 30 минути пријавил дека во периодот помеѓу петок и недела е ограбена црквата и одземени се пари.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите и целосно расчитување на случајот.

Напишете коментар