Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 03/01/2017

Ограбена црквата „Свети Никола“ во Галате

Кражба во црквата „Свети Никола“ во гостиварското село Галате. Засега непознати сторители ги собрале парите кои верниците ги оставале за свеќи и на иконите.

Кражбата се случила во првиот ден од новата година, а ја пријавил 64 годишен жител на селото. Според информациите од Секторот за внатрешни работи, крадците со дрвени скали се искачиле до прозорецот од источната страна, со парче бекатон го скршиле, влегле внатре и одзеле околу 3000 денари. Потоа насилно ја отвориле вратата и со одземените пари побегнале.

Од полицијата соопштуваат дека извршиле увид и работат на откривање на сторителите.