Вести
Ограбени пет лекарски ординации во Гостивар
Крадци го искористиле продолжениот викенд за тешки кражби во амбуланти на на Здравствениот дом Гостивар. Како што соопштуваат од полицијата, во периодот помеѓу 14-ти и 17-ти, засега непознати сторители извршиле пет тешки кражби во лекарски ординации, лоцирани на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар.
Во ординациите влегувале преку прозорите кои насилно ги отвориле. Со себе однеле четири лаптопа, два читачи на здравствени картички, повеќе усб уреди и друга компјутерска опрема. Крадците побегнале со пленот, без да бидат забележани од никого. Вкупната материјална вредност на украденото се проценува на околу 85 илјади денари, додека при кражбата е причинета материјална штета од 3000 денари.
Од СВР соопштуваат дека е извршен, се расветлуваат сите поединости поврзани со кражбите и се работи на откривање на сторителите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград