Македонија
Ограничени маржи на леб, јајца, млеко, масло до крајот на годината-најави Бектеши

Владината одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, што истекува на 30-ти месецов, ќе биде продолжена до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Секторот за трговија во Министерството, како што информираше, веќе прави анализа за нивниот ефект и потребата од редизајнирање.
-Веќе донесовме одлука како Влада да се ослободи увозот на сурово млеко од Турција и од други држави каде што има поголеми капацитети за увоз на сурово млеко што се преработува во нашата држава и после се продава како финален производ. Тие мерки коишто имаат рок до крајот на септември ќе бидат продолжени до крајот на годината од страна на Министерството за економија во делот на одредување на маржи. Веќе се прави анализа во Секторот за трговија какво влијание имале мерките и дали треба нивно редизајнирање. Ќе разговараме дополнително во текот на оваа и наредната недела со Стопанската комора за нивни дополнителни барања и можностите со кои ние располагаме во моментов и можеме да излеземе во пресрет, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање по средбата во ИЗВ каде побара поддршка за почитување на мерките за штедење струја поради енергетската криза.
Владата на 14 јуни донесе Одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо со важност до 30. месецов. Според одлуката маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло е пет отсто во трговијата на големо и на мало, а за јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко 10 отсто.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 7 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава