Вести
Огромен аквариум со 1.500 риби експлодира во хотел во Берлин, две лица се повредени

Огромен аквариум висок 16 метри наводно експлодирал изутринава во хотел во Берлин, Итната служба добила повик околу 6 часот. Водата од аквариумот во која имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улицата пред него, пренесува Билд. Германските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени. Во аквариумот имало милион литри вода.
На Твитер се појавила снимка од инцидентот, кој наводно го објавил гостин од хотелот. На снимката се гледа хаос кој се случил по пукањето на аквариумот – лобито во хотелот е уништено, а на подот има вода.
На лице место се пожарникари со службата за Итна помош. Засега не е познато како дошло до инцидентот. Улицата во која се наоѓа хотелот е затворена, јавија службите на Твитер.
– На улицата има многу вода, причината засега и натаму е непозната, наведуваат од сообраќајната служба на Берлин.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава