Вести Гостивар
Огромен интерес – На Гостивар му требаат уште 2 градинки за да ги згрижи сите деца

Градинките во Гостивар се претесни за да ги примат сите дечиња коишто родителите ги пријавиле за престој од септември. Интересот е огромен, а градинките иако работат со надминат капацитет, не можат да ги задоволат потребите. Листата на чекање е долга, со над 320 деца, од кои, според Управата на установата во групите ќе можат да влезат стотина.
„Интересот секојдневно расте, на листа на чекање моментално имаме 323 деца. На почетокот на септември ќе стартуваме со над 600 деца, точната бројка се` уште не можеме да ја определиме, со оглед на тоа што постојано вршиме прием на деца, има одјавувања и пријавувања. Заинтересираноста е навистина преголема и групите бројат деца над пропишаните нормативи“, вели директорката на Јавната установа „Детска радост“ , Мирјана Мицоска.
Со оглед на долгата листа на чекање, Мицоска вели дека при уписите, приоритет ќе се даде на семејствата каде двајцата родители се вработени и немаат друга алтернатива за чување на децата.
Во склоп на установата во градот има три градинки, а една градинка работи и во селото Чегране. Дополнително, деца се згрижуваат и во Центри за ран детски развој во неколку населени места. Сепак, проценката на надлежните е дека за да се опфатат сите пријавени дечиња, на Гостивар му се потребни уште две детски градинки.
„Може да се каже дури дека имаме алармантна потреба од нови објекти. Две нови градинки би биле идеално решение, за да има место за сите дечиња и родителите да бидат задоволни. Со овој капацитет, ние навистина не сме во можност да ги примиме сите.“, нагласи директорката.
Општина Гостивар неодамна информираше дека работи на уредување на објект во Долна Бањица, кадешто е планирано да се отвори уште една детска градинка. Кога таму точно ќе се завршат сите работи и административните процедури за да може да проработи градинката, се` уште не се знае.
Освен од проширување, гостиварските градинки имаат потреба и од вработување на дополнителен кадар.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја