Локални избори 2017
ОИШ на СДСМ Гостивар со позитивна оценка и задоволство од досегашниот тек во кампањата

Општинскиот изборен штаб на коалицијата предводена од СДСМ излезе со оценка дека во првите десет дена од кампањата, активностите поминуваат според предвиденото и како што нагласуваат, со исклучителна позитивна енергија од членството, симпатизерите и сите граѓани вклучени во кампањата.
„До сега беа отворени три нови месни штабови во населбите Дутлок, Малеарди и Циглана, коишто функционираат секојдневно. Проектот “Врата до врата“ кој на некој начин станува и заштитен знак на нашите кампањи се одвива подобро од предвиденотото. Секојдневно се вклучуваат нови граѓани коишто сакаат да учествуваат и да бидат дел од проектот. Досега се посетени околу 2000 семејства, при што граѓаните ги запознаваме со нашата Програма за општина Гостивар, им ги претставуваме предвидените проекти на локално, па и централно ниво, ги слушаме нивните сугестии и предлози, а критиките ги земаме предвид. Во преостанатиот дел од кампањата, планираме да посетиме уште околу две и пол илјади семејства и да организираме средби со граѓани на ниво на целата територија на општина Гостивар. Се обидуваме непосредно да комуницираме и со различни целни групи во Гостивар, како пензионери, спортисти, бизнис сектор, невладин сектор, маргинализирани групи, со цел да ги слушнеме нивните проблеми, да им ветиме дека ќе бидеме нивниот глас во локалната самоуправа и да ги запознаеме со нашите предвидени проекти кои се однесуваат на нив. СДСМ и коалицијата поминуваат се повеќе време на терен, меѓу граѓаните на Гостивар, каде што впрочем и ни е местото како социјалдемократска партија“, соопштија од Општинскиот изборен штаб.
Од таму потенцираат дека водат позитивна кампања за локалните избори и дека се исклучително задоволни од приемот и поддршката на кои наидуваат кај граѓаните на Гостивар, како и од решителноста, посветеноста, позитивната енергија и ентузијазмот со кои нашите членови и симпатизери учествуваат во кампањата и активностите.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!