Поврзи се со нас

Гостивар

ОЈО Гостивар поднесе обвинение против три лица за убиство и помагање во делото

Објавено

на

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар, кое се случи лани во август.

„По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца се обвинети за помагање при извршување на истото кривично дело. На 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело. Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, првообвинетата телефонски контактирала со второобвинетиот и се сретнала со него во Гостивар. Второобвинетиот изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, обвинетата се упатила во Струга, каде се сретнала со второобвинетиот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар. Обвинетата со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.“, стои во соопштението на ЈОРМ.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите лица.

Неколку дена откако се случи, за убиството на семејството Поцеста во Дебар, таткото А.П. (54), мајката Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка, беше уапсена постарата ќерка Б.П. (28), како и  Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар, за помагање во делото.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена