Гостивар
ОЈО: Полицаец и неговиот татко извршиле насилство во простории на судот во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, син и татко, на возраст од 30 и 54 години, за кои е поднесена кривична пријава за кривично дело – Насилство.
„Пријавените го сториле делото на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд, каде физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првопријавениот и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни. Инцидентот пред судницата се случил додека чекале продолжување на судското рочиште во врска со претходно пријавен настан, во кој оштетените повторно го пријавиле првопријавениот за предизвикување општа опасност. Првоосомничениот е полициски службеник, додека неговиот татко е пензиониран полициски службеник. Честите недоразбирања меѓу осомничениот и неговата вонбрачна сопруга кулминирале со неколку пријави за кривично-правни и прекршочни настани за кои се водат соодветни постапки.“, соопшти обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, додека за неговиот татко се предложени мерки на претпазливост.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022