Вести
Околу 10 илјади евра за пролетно уредување на зеленилото
Започна пролетното уредување на јавните зелени површини во Гостивар. Работниците на јавното претпријатие за паркинг и зеленило, од вчера работат на разубавување на зелените појаси на Кејот на Вардар. Од двете страни на реката се засадуваат трендафили и декоративни дрвца, како и при есенското садење. Хортикултурното уредување ќе продолжи и на други локации.
„Освен на Кејот, ќе се работи на средување на кружните текови и на други јавни зелени површини“, информираа од Јавното претптијатие за паркинг и зеленило.
Надлежните бараат повисока свест и поголема грижа за зеленилото од страна на граѓаните. Апелираат да не се газат и уништуваат цвеќињата и да не се кршат гранките на дрвцата, како што се случувало во неколку наврати до сега.
За сезонското уредување на зелените површини низ Гостивар, јавното претпријатие ќе издвои околу 10 илјади евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар