Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 160 возачи во Гостивар казнети лани оти не пропуштале пешаци

Објавено

на

Вчера (26 јануари) од 10 до 14 часот на поширокото гостиварско подрачје била спроведена засилена акциска контрола на возачи, дали и колку ги почитуваат нивните обврски кон пешаците, извести полицијата. Во контролата откриени и законски санкционирани биле вкупно 5 прекршоци, од кои 3 возачи не им дале предност, односно првенство на пешаците на обележани премини.

Статистиката на СВР Тетово покажува дека минатата (2022 година) на гостиварското подрачје вкупно 157 мерки биле изречени за недавање предност-првенство на пешаци, односно непропуштање на оваа категорија учесници во сообраќајот, дури и на обележани премини. На возачите-прекршители лани им биле изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, за оние кои најнепосредно го загрозиле безбедното движење на пешаците предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година.

„Во функција на поголема безбедност на пешаците минатата година, исто така, биле организирани и повеќе сообраќајни поуки со кои вкупно биле опфатени 333, најмногу пешаци, но и велосипедисти и мотоциклисти. Лани, исто така, на гостиварското подрачје биле изречени и вкупно 28 мерки за користење на неатестирани фолии или фолии поставени спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глобата за овој вид прекршок изнесува 250 евра во денарска противвредност.“, стои во полициското известие.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена