Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 2.000 пациенти третирани од Итната медицинска помош во Гостивар за еден месец

Објавено

на

Итната медицинска помош во Гостивар е една од службите, кои се дирекно вклучени во борбата против ковид, заедно со инфективно и епидемиологија. Од почетокот на пандемијата Итната помош го врши транспортот на заболени пациенти кои имаат потреба да се хоспитализираат. Покрај тоа, не заостануваат и редовните услуги. За помош се обраќаат граѓани со најразлични здравствени тегоби, покачен крвен притисок, болки, повреди и друго.

Во период од еден месец  службата третирала 2.000 пациенти, во централната амбуланта и на терен.

„Во овој период Итната медицинска помош била многу активна, за еден месец околу 2.000 пациенти добиле услуги. Исто така, преку бројот 194 имало околу 300 повици за различни здравствени потреби, итни случаи, сообраќајки, хронично болни и други болести.“, вели директорот на Здравствен дом во Гостивар, Јамин Синани.

Лекарите ги повторуваат советите и апелите до граѓаните да бидат одговорни кон своето здравје, особено оние коишто спаѓаат во ризичните групи, како хронично болните и постари лица.  Им препорачуваат доследно да се држат до мерките на заштита од ковид и редовно да ја земаат својата терапија. Доколку почувствуваат влошување на здравствената состојба, да побараат лекарска помош.

Според последните податоци од Министерството за здравство, регионот на Гостивар има 795 активно заразени со коронавирус. Минатата недела помина во црвен ковид аларм, со 374 новозаразени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 13 часа

Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата

Македонијапред 16 часа

Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис

Гостиварпред 17 часа

Во Гостивар лишено од слобода лице пријавено за ранување куче со пушка

Гостиварпред 18 часа

Насмеани дечиња го разубавија плоштадот во Гостивар-Градинките одбележуваат Детска недела

Македонијапред 18 часа

Поскапуваат горивата!

Македонијапред 19 часа

Најавено покачување на платите во образование годинава

Гостиварпред 19 часа

Жител на Скудриње однесен починат во болница, според пријавата паднал од дрво, партнерката сакала да ја напушти земјава

Гостиварпред 21 час

Различни резултати за водата во Гостивар, се вршат плус анализи во Скопје за дефинитвно да се знае дали може да се пие

Македонијапред 21 час

Угостителските услуги за една година зголемени за 5,2 отсто

Гостиварпред 3 недели

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 2 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 7 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 7 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 9 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 9 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 10 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 10 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 годин

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена