Гостивар
Околу 200 казни за погрешно паркирање во Гостивар, полицијата апелира возилата да не се оставаат било каде

Со доаѓањето на времено вработените од странство во нивните родни места, кое во наредниот период уште повеќе ќе се интензивира, на подрачјето на СВР Тетово значително се зголеми вкупниот број на возила и дневната сообраќајна фрекфренција по тетовските и гостиварските улици, но и на автопатотот, регионалните и локалните патишта.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до сопствениците на возилата да не ги паркираат каде ќе стигнат и посебно не во таканаречени „двојни редови“, зашто секое непрописно, односно погрешно паркирање ќе биде соодветно санкционирано со изготвување на законски предвидените поднесоци и со подигнување на овие возила кои нeпосредно го попречуваат безбедното движење на другите учесници. Во изминатите безмалку шест месеци од годинава на тетовското подрачје изречени се вкупно 2430 мерки за погрешно паркирање, а на гостиварското 201 мерка.
Паричните глоби за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност, а на прекршителите им се наплаќа и одреден надоместок за подигнување на возилата од „пајак-службата“.
Секторот за внатрешни работи Тетово засилено ќе презема мерки и активности, покрај другото, и за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово и Гостивар, посебно во нивните централни подрачја, со цел да се пресретнат и санкционираат евентуалните мешаници како последица од погрешно паркирани возила.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
- Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја