Гостивар
Околу 200 тони ѓубре дневно на Русино – Полошките општини фрлаат, ама тешко плаќаат

Комуналните претпријатија или концесионерите секојдневно носат отпад на гостиварско Русино од полошките општини, но тешко плаќаат фактури и не ги подмируваат долговите. Поради тоа, регионалното претпријатите „Русино-Полог“, кое беше формирано за да менаџира со депонијата, по само неколку месеци од функционирањето, се наоѓа во финансиски ризик. Раководството алармира дека ќе нема доволно пари да го плаќа операторот ангажиран за тековно одржување на Русино, ниту пак за плати на вработените, ако општините и комуналните претпријатија не си го подмират долгот.
„Во моментот на Русино отпад одлагаат 9 општини од Полог, преку комунални претпријатија или концесионери, како и приватни фирми. Финансиски се соочуваме со проблеми, бидејќи општините требаше да го подмират долгот во вид на субвенции, кој изнесува околу 2 милиони денари вкупно, а од друга страна има и наталожен долг од 1,6 милиони денари од фактурирани, а неплатени сметки. Може да кажам дека подисциплинирани се приватните фирми, кај кои фактурирани се 521.000 денари од кои околу 90% се подмирени. Комуналните претпријатија и општините имаат навистина голем долг кој достига вкупно околу 3,6 милиони денари. Ако овој долг не се исплати што поскоро ќе дојде до блокада на работатаа на претпријатието, бидејќи нема да бидеме во можност да го платиме операторот за услугите, ниту да ги исплатиме работниците. Ќе бидеме приморани да ставиме забрана за влез и излез на камиони од депонијата Русино“, вели директорот на регионалното претпријатите „Русино-Полог“, Бесим Догани.
На влезот од депонијата поставена е вага која ја мери количината на отпад што се превезува од камионите. Отприлика секојдневно вкупно на Русино се носта 200 тони ѓубре од полошките општини.
„Во претпријатието имаме 13 вработени вклучувајќи ја и администрацијата, а работното време е од 8 до 19 часот, односно временскиот период во кој се одлага отпадот. Имаме ангажирано оператор кој врши секојдневно одржување на депонијата, значи порамнување на сметот и покривање кога е потребно. Исто така, редовно се третираат и отпадните води со што значително е намалено нивно одлевање“, појаснува директорот.
Претпријатието периодов очекува да потпише договор за донација од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања во висина од над 100.000 евра, кои ќе се наменат за порамнување и целосно покривање на депонијата со што ќе се спречи ризикот од пожари, емитување на штетни гасови и лоша миризба.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022