Вести
Околу 35 илјади евра за подобри услови во медицинското училиште во Гостивар
Летниот распуст во средното медицинско училиште во Гостивар ќе биде искористен за неколку поголеми зафати, со кои ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на наставата.
Предвидено е комплетирање на просторијата во предниот дел на училиштето како кабинет за забен техничар, кој ќе биде и целосно снабден со потребната опрема за практичниот дел од наставната програма. Во тек е и оглас за избор на фирма која ќе изврши санација и реконструкција на стариот дел од училишната зграда.
„Во стариот објект ќе се поднови осветлувањето, ќе се направи промена на дел од прозорите, бојадисување, санација и други зафати. Освен тоа за следната учебна година ќе обезбедиме и нови наставни образовни помагала за да може учениците во што подобри услови да го следат наставниот процес“, вели Агрон Алили, директор на медицинското училиште.
Во реконструкција на стариот дел ќе бидат инвестирани 15 илјади евра, додека за кабинетот околу 10 илјади евра, колку што е и сумата која ќе се издвои за набавка на наставни помагала.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград