Вести
Околу 5.000 евра за анкети – општина Гостивар ќе мери колку сте задоволни од досегашната работа
Општина Гостивар распиша тендер за фирма која ќе врши испитување на јавното мислење, со цел да се измери задоволството на граѓаните од работата на јавните претпријатија и органите на локалната самоуправа.
„Целта е да се утврди перцепцијата на граѓаните за досегашната работа на надлежните органи во ралични сфери, водоснабдување и канализација, изнесување и депонирање на смет, одржување на градското зеленило и слично. Исто така, значајна цел е да се откријат клучните проблеми на граѓаните и да се понудат соодветни решенија од страна на општината, врз основа на тие информации да се преземат мерки за корективни акции и подобрување“, се наведува во јавниот оглас.
Предвидено е со теренско анкетирање по домови по случаен избор, да бидат опфатени 600 граѓани на целата територија на општината, односно во градот и селата. Анкетата, како што пишува во огласот треба да содржи максимум 60 прашања.
Проценетата вредност на тендерот е 300 илјади денари, а рокот за пријавување на фирмите истекува денес, 26 јуни.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград