Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 660 првачиња во Гостивар – почна пандемската учебна година

Објавено

на

Новото нормално го претвори вообичаениот „први септември“ во „први октомври“. Денес почна учебната 2020/2021 година, која по многу нешта се разликува од претходните. Во училиште тргнаа само учениците од прво до трето одделение и во училиштата каде има согласности за настава со физичко присуство. Останатите ученици ќе треба наставата да ја следат онлајн, преку Националната платформа.

Според податоците од општинскиот сектор за образование, во основните училишта на подрачјето на Општина Гостивар годинава се запишани околу 660 првачиња. Училиштата им подготвуваат убави приеми и се потрудија да им го направат првото училишно искуство што попријатно. Особено со оглед на фактот дека заради пандемијата владеат строги правила и протоколи, треба да се носат маски, децата да не се групираат, да се држат на растојание, да им мерат температура на влез во објектот, родителите не смеат да влегуваат внатре итн.

Предизвиците се големи и за учениците кои ќе учат преку интернет. Тестирањата на платформата изминатите денови детектираа низа проблеми, пречки околу логирањето во системот, преоптивареност, нејаснотии, како и потреба од електронски уреди со појака конфигурација за да може да се користи.

Во училиште или од пред компјутер, како и да е, децата му се враќаат на образованието. Како ќе се одвиваат работите во следниот период, никој не може да предвиди. Останува да се чека, а во меѓувреме да се почитуваат протоколите за да се зачува здравјето на најмилите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 3 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 4 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 5 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена