Поврзи се со нас

Македонија

Околу 700.000 македонски државјани живеат надвор од државата-Извештај на ОЕЦД

Објавено

на

Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна  Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД  „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.

Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Северна Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан каде е околу  10 проценти.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, смета дека младите не треба да се задржуваат, туку треба да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот.

– Скоро секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме младите дома“. Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или некогаш бил млад знае дека да ги задржиш било каде не е никогаш опција, истакна Битиќи.

Според него, тоа што мораме да го направиме како земја е да не ги избегнуваме нашите проблеми туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно во дијалогот да ги вклучиме и младите. Тоа е она што го бараат младите од нас.

Амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероника Улман, се осврна на пораката на вицепремиерот Битиќи за тоа како да се вратат младите во сопствената земја.

– Студијата прво обезбедува одредени препораки како на пример, идентификација на  паметната трансформација на образовниот систем којшто ќе обезбеди повеќе можности на македонската работна сила и со тоа ќе го зголеми националниот стандард на живеење. Преку оваа програма Швајцарија веќе зема учество во овие напори, истакна Улман.

Таа изрази поддршка кон Владата на Северна Македонија за да го усогласи својот стручен образовен систем со пазарот на труд, да воспостави соработка помеѓу образовните институции и иновативниот еко-систем и придонес во развојот на мали и средни претпријатија, и старт-ап бизниси.

– Исто така, големата дијаспора со потекло од Северна Македонија живее во Швајцарија. Поради тоа сме директно заинтересирани да ги идентификуваме заедно со вас точките преку кои ќе можеме да ја поттикнеме оваа дијаспора и протокот на знаење и експертиза. Се надевам дека денешната дискусија ќе донесе конкретни решенија и ќе поттикне нови активности во оваа насока, додаде амбасадорката на Швајцарија.

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Георг Вуцас, рече дека Австрија е поддржувач на Северна Македонија и западнобалканската шесторка да се приклучи кон Европската Унија и оти Австрија би сакала овие преговори да завршат без одложување за земјава да се приклучи што поскоро кон ЕУ.

– Австрија и ЕУ сакаат да видат развиен Западен Балкан којшто се приклучува, не испразенто општество особено од нивната младина и висококвалификувана работна сила. Австрија не е главната дестинација на миграцијата од Северна Македонија, но и покрај тоа има прилично голема миграција од оваа земја кон Австрија, истакна Вуцас и додаде дека Австрија нуди неколку програми и иницијативи коишто се насочени кон одвраќање на овој тренд на празнење на интелектуалната сила од државава.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 1 недела

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 4 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 7 дена

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена