Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 80 работници во Гостивар добиле отказ од почетокот на пандемијата

Објавено

на

Ковид кризата придонесе да се зголеми бројот на невработени во гостиварскиот регион.  На листата на Агенцијата за вработување, актуелно има околу 10.600 лица без работа. Точната статистика и деталните показатели ќе се знаат на крајот од годината. Она што е познато е дека околу 80 работници добиле откази од почетокот на пандемијата. Од Центарот за вработување во Гостивар велат дека има и случаи кога граѓаните се пријавуваат во евиденцијата на невработени за да користат домашни платежни картички и ваучери од државата.

„Има зголемување на невработеноста, но тие бројки не ја отсликуваат реално состојбата. Голем дел од оние кои се пријавуваат во евиденцијата на невработени, тоа го прават за користење на некоја од државните мерки за помош во ковид кризата“, вели Хисен Амзаи, раководител на Центарот за вработување во Гостивар.

Според официјалните податоци, меѓу невработените на подрачјето на Гостивар најбројни се лицата без или само со основно образование. Со завршено средно училиште има околу 2.400 невработени, со факултет 634. На листата на невработени запишани се и 58 магистри на науки.

Според време на чекање на вработување, 973 лица се во списокот под еден месец, 3.201 од 1 до 5 месеци, 1.408 од 5 до 7 години, 317 лица 8 години и повеќе…

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена