Поврзи се со нас

Гостивар

Розов мини маратон во Гостивар посветен на Силвана и Наташа-Поддршка за сите кои се борат со карцином на дојка и почит кон жените кои ја изгубија битката!

Објавено

на

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар во рамки на одбележувањето на Розовиот Октомври, месец на борба против карцином на дојка, денес организираше мини маратон. Од настанот, кој се одржа на Кејот на Вардар, беше испратена порака на поддршка за жените кои ја војуваат борбата против болеста и искажување почит кон жените што ја изгубиле битката со карциномот.

„Секоја година целта ни е да ја подигнеме свеста за заштита од оваа опака болест. Даваме поддршка на сите жени коишто се борат со оваа болест, но истовремено и почит на сите оние жени кои ја изгубиле битката со карциномот. Овој мини розов маратон Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ го организира во чест на нашите драги сограѓанки, другарки, пријателки, мајки, членки на УЖ, коишто за жал и покрај тоа што се бореа храбро, беа упорни, со многу голема желба за живот и придонес во нашиот општествен систем, ја изгубија битката. Овој маратон го посветуваме на нашата Силвана Анастасоска Ѓорѓиеска и Наташа Саздовска кои храбро се бореа, но за жал ја изгубија битката. Вечна им слава, секогаш ќе ги почитуваме и ќе ги споменуваме.“, изјави претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Анета Ќироска.

Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жените кои ја изгубиле борбата со болеста. Октомври е повод за алармирање за потребите и проблемите со кои се соочуваат жените во однос на обезбедување услови за здравствени прегледи и контроли.

„Како жена, како функционерка, како лекар по професија се борам за достапни здравствени услуги. Давам апел до надлежните дека повеќе од потребно е во Гостивар во болницата да имаме мамографија и ехо на дојка. До пред некое време се правеше ехо и тоа беше некаква надеж кај пациентките, направиле ехо, добиле резултат, па да преземаат чекори. Денес од ова место место апелирам и го поздравувам минстерот за здравство, кој доаѓа од нашиот град и верувам дека ќе даде сѐ од себе за Гостивар во догледно време да добие мамограф и да се обавува ехо на дојка. Да се овозможи навремено да се дијагностицира и лекува ракот на дојка, да имаме што помалку жртви, повеќе излекувани“, истана Ќироска.

Денешното одбележување се организираше под мотото „Не си сама“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена