Гостивар
ОО Црвен Крст Гостивар дел од симулацијата на прва помош при земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“

Со симулација на прва помош при итна ситуација – земјотрес, Црвениот крст денеска во Скопје ја одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“, со цел да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста. Во вежбата учествуваше и ОО Црвен Крст Гостивар.
Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Саит Саити, посочи дека кризите и катастрофите кои се дел од нашето секојдневие, во регионот и пошироко, наложуваат постојана инвестиција во градење на одржливи капацитети за подготвеност.
„Земјотресите, пожарите, поплавите, епидемиите, миграциите, бегалците, како и другите хуманитарни предизвици ни наложуваат постојано да инвестираме во она што го можеме и го правиме најдобро, со цел да додадеме заеднички придонес во градење на одржливи капацитети за подготвеност, ефективен одговор и опоравување од катастрофи со примарна цел да обезбедиме поддршка за погоденото население при катастрофи или хуманитарни кризи“, рече тој.
Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на настанот истакна дека ова вежба ги покажа сите позитивни страни од партнерството меѓу државните институции и граѓанските организации, како и интерсекторската поврзаност и меѓуинституционалната соработка.
„Токму како настани како денешниот се отвора простор за унапредување на координацијата и на комуникацијата како клучни аспекти во системот на кризниот менаџмент“, посочи Пендаровски.
Учесници на вежбата освен Црвениот Крст беа, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Северна Македонија, Итна медицинска помош – тријажен центар и укажување на прва помош, Министерство за труд и социјална политика и др.
Покрај нив, учесници се и тимови на Национални друштва од регионот (Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Германија), претставници од универзитетите, независни експерти од областа и различни тела од Системот за управување со кризи (СУК), на локално и регионално рамниште.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар