Гостивар
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја

Во чест на Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и култура, општинската организација на СДСМ Гостивар организираше трибина на која преку пригоден реферат и литаратурни творби присутните се потсетија на ликот и делото на Светите браќа.
На настанот се обрати претседателот на партијата во Гостивар, Игор Вељаноски кој упати честитки за 24 Мај и за автокефалноста на МПЦ-ОА.
Професорката по македонски јазик, Валентина Николоска низ реферат го нагласи значењето на Кирил и Методиј за писменоста и духовноста на македонскиот народ и сите словенски народи.
„Со овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи. Светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа. Св.Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата, докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни“.
„Светите Солунски браќа Кирил и Методиј се клучни личности во македонската историја како и за културниот развој на сите словенски народи. Нивната просветителска улога и света мисија ја зацртаа културната и верската карта на целиот свет. Ние сме горди наследници и чувари на нивното завештание-продолжување на нивната света мисија образованието и ширењето на писменоста“, потсети Николоска.
На одбележувањето кое се одржа во малата сала на Центарот за култура АСНОМ, литературни творби прочитаа Ема Нешковска и Александар Михајловиќ.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022