Гостивар
ОО СДСМ Гостивар: Новиот закон за учебници обезбедува квалитетни материјали за учење

Комисија за образование на Општинскиот огранок СДСМ Гостивар, излезе со соопштение во врска со новиот Закон за учебници во кое, како велат, обезбедува квалитетни материјали за учење, комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, во кој јасно се наведува дека за учениците кои се од социјално ранливите семејства и немаат уреди за учење, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани граѓани,
Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ гради квалитетно образование за сите, за сигурна и просперитетна иднина, работи и ќе вложува во децата, во учениците, наставниците создавајќи образование за вработување, образование за знаење и умеење.
Новиот закон за учебници обезбедува квалитетни материјали за учење, комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, и за првпат гарантира инклузивни учебници.
Со овој закон, ги следиме современите образовни трендови, правиме промени за да држиме чекор со сите развиени, демократски европски земји, кои забрзано ги дигитализираат своите општества, преку функционални и достапни решенија, кои се инклузивни за сите ученици и кои ги намалуваат социјалните разлики, ги прават достапни содржините за учење во различни форми и го ставаат во центарот само најдобриот интерес на детето. Со новиот закон за учебници се поставуваат филтри кои обезбедуваат квалитет, преку комисии сoставени од наставници, универзитетски професори, експерти со повеќе од 10 години искуство во областа на човековите права.
За првпат имаме закон во којшто јасно се наведува дека за учениците кои се од социјално ранливите семејства и немаат уреди за учење, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. За првпат имаме закон којшто обезбедува учебници на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.
Ветуваме и развиваме нов автентичен модел на квалитетно образование достапно за сите. Оваа модернизација на образованието воопшто не значи укинување на книгите. Учениците ќе имаат можност за полесно и поинтересно совладување на наставните содржини со помош на дигиталните учебници. Секогаш го правиме најдоброто за ученицте, но со овие реформи вложуваме и во идните генерации.
Дигитализацијата на образованието е на агендата на Европската Унија преку уште поинтензивно темпо на развој со новиот Акциски план за дигитално образование 2021 – 2027. Европските држави во пост-ковид ерата ќе се фокусираат на уште поголема дигитална трансформација на образовните системи, формални и неформални. Ќе обезбедуваат инфраструктура, мрежна покриеност и дигитална опрема, ефективно планирање на дигиталните капацитети и континуиран развој, со обучен дигитално компетентен наставен кадар. Оваа стратегија бара новите дигитални содржини да имаат исклучително висок квалитет, воведување на нови алатки кои лесно и едноставно ќе се користат и ќе обезбедат истовремено безбедност на приватноста и почитување на етичките стандарди.
Ние овие текови мора да ги следиме, како земја која својата иднина ја гледа во Европската Унија, за да им овозможиме еднаков развој на децата дома, со оние во Европа.
Го ставаме детето во центарот, ги правиме реформите во образованието во негов најдобар интерес и го прилагодуваме образовниот систем според најсовремените стандарди кои ќе ги изгради децата во личности кои се образовани, функционално писмени и кои нема да имаат огромни јазови во знаењата со своите врсници од развиените земји, напротив домашниот образовен систем ќе им овозможи висока квалификација на пазарот на трудот, дома, во регионот и во Европа
-Промените се започнати ! Значително ќе се подобрат резултатите на учениците на меѓународните тестирања, инфраструктурата, квалитетот на наставниот кадар и сите аспекти на образованието“.
Комисија за образование на ОО СДСМ Гостивар.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година