Поврзи се со нас

Гостивар

ОО СДСМ Гостивар со честитка до граѓаните по повод Рамазан Бајрам и Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Објавено

на

Претседателот на ОО СДСМ Гостивар Драгољуб Филипоски, денеска на сите граѓани во име на Општинската организација упати честитка по повод празниците Рамазан Бајрам и Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

„Рамазан е време на пост, солидарност, добрина и простување. Овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни со други и да се воздржуваме од лошите мисли, а толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава. Задоволство ми е да упатам искрени честитки по повод големиот празник Фитер Бајрам, празник кој доаѓа веднаш по Рамазанските пости и е награда за индивидуална пожртвуваност на верниците, меѓутоа и за колективна взаемна солидарност и разбирање на сите граѓани без оглед на нивнатаетничка, верска или политичка припадност. Нека е честит и благословен празникот Рамазан Бајрам на сите припадници од исламската вероисповед и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство,во вашиот дом! Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само на Македонскиот, туку и за сите словенски народи. Благодарни сме што го поставија темелот на писменоста, како наше основно културно и национално обележје. Придобивките кои ги жнееме денеска, почитувајки го јазикот, писмото и културата се огромен влог со којшто не задолжија сите нас. Обележувајки го денешниот ден се потсетуваме и на суштинското значенње на универзалните, културни и човечки вредности кај луѓeто. Големите дела на браќата Кирил и Методиј не обврзуваат сите нас, втемелените патеки на културното издигнување со меѓусебно разбирање и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнеме како вредности на нашето општество. Нека е честит празникот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј“, се вели во честитката.

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 41 минута

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 2 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 3 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 4 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена