Гостивар
ОО СДСМ Гостивар: Со Зелена нафта, помали трошоци и повеќе пари за земјоделците

Општинската организација на СДСМ во Гостивар денес на прес конференција ја престави мерката Зелена нафта, преку која земјоделците добиваат субвенции за користење на нафта за земјоделската механизација.
„Владата предводена од СДСМ ги слуша потребите на земјоделците и создава амбиент за тие да имаат рентабилно и конкурентно производство. Го исполнуваме предизборното ветување кон нив. Со најновата мерка на Владата – Зелена нафта, се овозможува огромно олеснување на земјоделците во производството на земјоделските производи. Со мерката Зелена нафта, земјоделските производители добиваат субвенции за користење на нафта, со што ќе се зголеми ефикасноста во производството, ќе се намалат трошоците, а со тоа и земјоделските производи ќе бидат поконкурентни на пазарот.“, истакна Драгољуб Филиповски, претседател на гостиварските социјал-демократи.
Мерката предвидува 30% пониска цена за евродизел за земјоделската механизација. На овој начин, кај земјоделците ширум државата се враќаат околу 200 милиони денари.
Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои 325 од гостиварскиот регион. „Гостиварските земјоделци, ваучерите за мерката Зелена нафта може да ги подигнат во подрачната единица на Министерството за земјоделие. Оваа Влада предводена од СДСМ прави многу за земјоделците. Со измените на законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба и го враќаме целокупното обработливо земјиште кај вистинските земјоделци.“, рече Филиповски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош