Вести
Опаѓа процентот на вакцинирани деца во Гостивар
Изминатите години, родителите се почесто одлучуваат да ги избегнат задолжителните вакцини од календарот за имунизација. Процентот на вакцинирани деца во гостиварско бележи опаѓање. Лекарите потврдуваат дека се јавува отпор кон вакцинацијата и сметаат дека таквите чекори се прават под влијание на антивакциналните кампањи кои се особено актуелни по социјалните мрежи.
Одбележувањето на Европската недела на имунизација (24-30 април) започна токму со апел до родителите да не го одложуваат вакцинирањето на децата. „Вакцините се сигурни, безбедни и ефикасни, набавени се од проверени фармацевтски куќи кои се на листата на Светската здравствена организација. Вакцината која ја прима детето обезбедува заштита против болеста за која се вакцинира, спречува заболување, инвалидност, па во некои случаи и смртност. Значи, во никој случај не можеме да кажеме дека вакцината предизвикува штети по здравјето на децата. Во Гостивар последниве години се забележува намалување на процентот на вакцинирани, посебно кај МРП (морбили рубеола паротит) и ХПВ (хумано папилома вирус) што е резултат на антивакциналната кампања“, вели епидемиологот Примариус д-р Војислав Огњаноски.
Според лекарите, благодарение на вакцините, одредени заразни болести се ставени под контрола, а има и такви кои во Република Македонија се целосно искоренети. Од 1977 година не е регистрирана дифтерија, од 1987 година немало нов случај на детска парализа, болести од кои во минатото заболувале голем број на деца, со сериозни последици.
Македонија генерално се смета за земја со висок опфат на имунизација. Значително опаѓање има кај МРП вакцината, која лани не ја примиле околу 2.800 деца на 13 месечна возраст. Кај родителите се јави страв од оваа вакцина поради информациите што се пласираат дека таа е главниот виновник за појава на аутизмот.
Во текот на Европската недела на имунизација во Гостивар ќе се спроведат повеќе активности: предавања во училиштата, средби со родители, вакцинирање на терен и слично.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди