Македонија
Опасен „Тик Ток“ предизвик се шири меѓу децата, 11 завршиле во болница во Скопје

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.
Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.
- Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е и да има повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда, вели Настов за МИА.
На новинарско прашање за каков предизвик станува збор, тој објасни дека станува збор за испружање на рацете во вид на „супермен“ и потоа паѓање на децата.
- Се испружаат рацете како ликот „супермен“. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е од она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски, деца, додаде Настов.
Тој апелира да не се прават во иднина ваквите работи, затоа што може да завршат со посериозни последици.
- За среќа, од овие 11 деца, две се само со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди, додаде Настов.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог