Гостивар
Опфатот со МРП во Гостивар 84%, апел до родителите да ги вакцинираат децата

„Штом наполнат 12 месеци, сите деца треба да примат прва доза од вакцината против морбили, заушки и рубеола (МРП). Без оваа вакцина вашето дете е во ризик и може да се разболи од овие серозни болести“, порачуваат здравствените власти. Опфатот со МРП е опаднат, поради што се спроведува кампања за подигнување на свеста за важноста од редовно примање на вакцините против заразни болести.
Апел да не се избегнуваат вакцините, вклучително и МРП, упатуваат и од одделот за вакцинација на Здравствениот дом во Гостивар, во чии евиденции се бележи актуелен опфат со МРП од 84%.
„Сакам да ги потсетам родителите дека треба да доаѓаат и да ги вакцинираат своите деца, независно дали се почнати годишните одмори или е летен период, ние сме тука, секогаш спремни да ги вакцинираме децата и да одговориме на сите нивни прашања. Да нагласам дека за запишување на децата во прво одделение се бараат вакцинални картони, за што слободно можат да дојдат и да земат потврди. Но, ќе нагласам и дека има многу деца кои не се вакцинирани, особено со МРП, која се избегнува, а се бара за упис во градинка и прво одделение. Вакцините се безбедни и ги заштитуваат децата од болести, затоа родителите нека ги донесат да ги вакцинираме. Кампањата ја спроведуваме заради опаѓање на процентот на вакцинирани деца и е поддржана од Уницеф. С‘е што родителите ги интересира, може да ни се обратат и да не прашааат, тука сме да им објасниме и да го образложиме бенефитот од вакцината.“, вели д-р Дафина Богданоска од службата за вакцинација.
Во рамки на кампањата се делат флаери и поставени се постери со информативни содржини околу вакцинацијата и најчесто поставуваните прашања.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето