Гостивар
Општина Гостивар: Барањата се исполнети, нема потреба од натамошна блокада на Русино

Гостиварската локална власт смета дека веќе нема потреба од продолжување на блокадата на Русино, напоменувајќи дека ги исполниле сите барања за привремено решавање на проблемот.
„ Сите точки од договорот за престанок на блокадата од страна на Граѓанската иницијатива „Стоп за депонијата Русино. Чист воздух во Гостивар “ се исполнети. Заврши инсталирањето на безбедносните камери и поставувањето на јавно осветлување во и околу депонијата. Претходно, Општина Гостивар ангажираше компании за обезбедување кои ќе бидат на должност 24 часа дневно за да спречат намерно подметнување пожар, а испратени се и соодветни барања и претставки до Владата, Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за животна средина. По исполнувањето на сите точки од договорот, односно создавање услови за нормално функционирање на депонијата само за потребите на нашата општина, Општина Гостивар смета дека нема потреба за продолжување со блокадата и ги уверува граѓаните дека договореното доследно ќе се почитува.“, соопштија од општината.
За денес во 14 часот е закажан состанок на претставници на Граѓанската иницијатива, Полошкиот плански регион и градоначалници од полошките општини. Како што е наведено, на дневен ред е ставена блокадата на Русино.
Од Граѓанската иницијатива во истото време, 14 часот, повикаа на масовност на блокадата: „Сите на блокада за да испратиме порака за масовност и да дадеме поддршка на нашите претставници кои ќе бидат на состанокот. Ние мислиме дека блокадата не е проблем што треба да се реши, проблем е депонијата “.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче