Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар доби специјално возило за заловување кучиња скитници

Објавено

на

Кучињата скитници од гостиварските улици ќе се заловуваат со специјално возило, опремено со десет кафези, кое Центарот за развој на полошкиот плански регион денес го предаде на Општина Гостивар. Возилото, според најавите ќе биде ставено во функцијата деновиве, откако ќе се заврши формално префрлување и регистрирање.

Комбето е набавено преку проектот за регионален и инклузивен развој, што го спроведува УНДП, со финансиска поддршка од ЕУ.

„Ние како општина сме презеле одредени мерки за проблемот со кучињата скитници и до сега се третирани околу 240 кучиња. Ова возило кое го добиваме е многу значајно, современо и опремено е и со него можат одеднаш да се фаќаат и транспортираат десет кучиња“, изјави градоначалникот Таравари, кој потенцираше дека стационарот кој општината го подготви во објектот на старата касарна, се` уште не ги добил сите потребни документи и дозволи за да функционира официјално. „Се шетаат документите во бирократските лавиринти на Владата. Разгледуваме и друга можност, заедно со невладини организации, да опремиме друг стационар којшто би бил во објект сопственост на општината“, рече градоначалникот.

Директорот на Центарот за развој на полошкиот плански регион, Фатмир Саити информираше дека проектот предвидува и изработка на физибилити студија за Регионален центар за згрижување на бездомните животни и подготовка на техничка документација. „Мислам дека до крај на годината ќе ја имаме целата документација , па потоа ќе знаеме повеќе детали и насоки, дали ќе биде еден, два, три центри, од каде ќе се бараат фондови за реализација и слично“, изјави Саити.

Специјалното возило всушност е наменето за сите општини во Полошкиот регион, но додека не се отвори Регионален центар за справување со кучињата скитници, возилото се додели на Гостивар како општина која предводи во справувањето со овој проблем.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена