Вести
Општина Гостивар ги обвини претходниците за незаконски набавки – ДУИ најави тужба за клевета
Купувањето на таблет и лап топи го разгоре нетрпението меѓу актуелната локална власт на Гостивар, предводена од Арбен Таравари и ДУИ, кои ја раководеа општината претходниот мандат.
Портпаролот на општина Гостивар, Јасен Демири вчера на прес конференција посочи дека во 2013-та година тогашното раководство купило таблет и четири лап топи, спротивно на законските процедури и без тендер.
“На 18.10.2013 г. општина Гостивар се снабдила со Таблет – Aplle iPad во вредност од 42.901 денари без отворен тендер. Приемот на стоката го потпишал шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник. На ден 17.10.2013 година општината се снабдила со четири лап-топа по поединечна цена од 76.500 денари плус ДДВ. Никој досега не ги видел тие лап-топи во општината и не се знае каде завршиле истите. Иако не стои потпис, се знае дека ги примил шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта“, рече Демири.
Огранокот на ДУИ во Гостивар реагираше преку соопштение и најави тужба. „Не можејќи да ја оправда довербата кај граѓаните со работа и конкретни проекти, Арбен Таравари продолжува со манипулативна кампања и клевети. На прес беа изнесени невистини за функционирањето на локалната власт во периодот 2013/2017 година.
Ги уверуваме граѓаните на Гостивар дека било каква јавна набавка во општина Гостивар во текот на претходниот мандат е извршена согласно законските одредби и немало повреди на процедурите. Со оглед на искажаните неосновани наводи, ја известуваме јавноста дека до Основниот суд ќе биде поднесена тужба за клевета“, стои во соопштението од гостиварскиот огранок на ДУИ.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди