Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар ќе дава до 5.000 денари субвенции за купување велосипеди

Објавено

на

Почесто користење на велосипедите како превозно средство, за почиста животна средина во Гостивар. Со ваква цел локалната самоуправа ќе доделува субвенции за купување на велосипед. Мерката е дел од општинската Програма за заштита на животната средина и природа за 2020-та година.

Општината на граѓаните ќе им надомести дел од трошоците при купување на велосипед и тоа во висина од 50% од вредноста, но не повеќе од 5.000 денари.

Освен тоа, ќе се набавуваат и велосипеди кои граѓаните ќе може да ги изнајмат за симболична цена.

„Едни од мерките во Програмата за заштита на животната средина годинава се субвенионирање за инвертери и за велосипеди. Сметам дека ова е добра акција, и со субвенции за купување на велосипеди би требало да бидат опфатени од 200 до 300 граѓани. Планираме во центарот на градот да поставиме и пункт за изнајмување на велосипеди по една симболична цена, да ги мотивираме граѓаните што повеќе да користат велосипеди, наместо автомобили кои се извор на загадување.“, вели Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Аплицирањето за субвенциите ќе трае до први септември или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот за оваа намена.

Велосипедот треба да биде купен во период од 3 февруари до 1 септември 2020 година, а услов за добивање пари од општината за оваа намена е платен данок на имот до 2019-та година.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена