Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар ќе дава субвенции за инвертери

Објавено

на

Општина Гостивар објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.

„Субвенциите ќе се доделуваат со цел да се стимулира жителите на подрачјето на општина Гостивар за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината“, информира општината.

Право да аплицираат имаат жителите кои имаат купено инвертер клима уред од 1.03.2019 до 30.10.2019. Општината ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 октомври или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување инвертер клима уред за 2019 година

1. Опис на Јавниот повик
1.1.Општина Гостивар, со цел да ги стимулира жителите на подрачјето на општина Гостивар (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2019 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
1.2. Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 Октомври 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена, општина Гостивар ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

2. Право на учество на Јавниот повик:
2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на подрачјето на општина Гостивар кои имаат купено инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.03.2019 до 30.10.2019 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците.
2.2 На jавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

3. Услови што треба да ги исполни подносителот:
3.1. Подносителот треба да ги исполни следните услови:
– да има живеалиште на подрачјето на општина Гостивар;
– да нема искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од општина Гостивар;
– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
– набавениот уред да биде купен во 2019-та година, се до завршување на Jавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него подносителот да живее;
– да има платено (пријавено) данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година.
Напомена: Подносителот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на општина Гостивар за неусвојување на барањето.
Исплатата на средствата ќе се изврши од страна на буџетот на општина Гостивар во сметка на подносителот чиво барање ќе биде усвоено.

4. Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, подносителот до Kомисија на општина Гостивар треба да достави:
– барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Гостивар);
– фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Гостивар;
– фотокопија од број на поднесено барање до архивата на општина Гостивар за издавање потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот заклучно со 2018 година;
– фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи;
– фотокопија од трансакциска сметка;
– доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.
4.2. Подносителите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не треба да ја достават документацијата од точка 4 ;
4.3. Подносителот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „ Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување за 2019 година “ во архивата на Општина Гостивар, на адреса бул.Браќа Ѓиноски бр.61 Гостивар, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.
4.4. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување ивертер клима уред за 2019 година “.
4.5. Архивата на Општина Гостивар примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5. Начин на спроведување на јавниот повик
5.1. Градоначалникот на Општина Гостивар формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:
– во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата дадена во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни и
– во втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите подносители кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената инвертер клима е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее и дека подносителот до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут пред да го достави барањето.
5.2. Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталирана набавениот инвертер клима уредот.
5.3. За пристигнатите и обработени барања од точка 5.1 алинеја 1, ќе се води листа со следните податоци:
– име, презиме и адреса,
– датум и час на пристигнатата пријава на Јавниот повик,
– износ на надоместокот за подносителот и износ на персоналниот данок на доход.
5.4. Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар.
5.5.По завршување на целокупната постапка барателот треба да овозможи пристап на Комисија до станбениот објект и просторија во која е инсталиран уредот и во наредните 2 години, и по завршување на Јавниот повик.

6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1 По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавување посовремени уреди за затоплување – инвертер клима уред , на веб-страницата на Општината и во најмалку еден печатен/електронски медиум, во определениот рок граѓаните со пополнување образец (барање), вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Гостивар.
6.2.Градоначалникот на општина Гостивар на предлог на Комисијата носи решение за усвојување на барањето за подносителите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на општина Гостивар дава писмено известување за неусвојувањето.
6.3.Комисијата ќе изготви предлог до градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Гостивар за 2019 година за таа намена.
6.4. По завршувањето на Јавниот повик, комисијата формирана за таа намена врши проверка на пристигнатите пријави. Комисијата ги известува барателите во рок од 7 дена од денот на поднесување на барањето доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето.

Барањето за аплицирање може да го симнете од ТУКА.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена