Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар ќе додели 1 милион денари за помош на семејствата на настраданите и повредените во кочанската трагедија

Објавено

на

    Од буџетот на Општина Гостивар ќе бидат издвоени 1 милион денари како помош за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар што се случи во дискотека во Кочани. Одлуката беше донесена денеска, на вонредна седница на Советот на општината.

    Градоначалникот Ваљбон Лимани истакна дека иницијативата за седницата е преземена со поддршка од сите советници:

    „По настанот во Кочани, презедов иницијатива знаејќи дека ќе ја имам поддршката од сите советници. Одлучивме да издвоиме симболична сума од еден милион денари за семејствата на загинатите. Повеќе од кога било ни е потребна сплотеност. Споделената радост е поголема радост, споделената тага е помала тага. Во иднина да се собираме само за убави поводи,“ изјави Лимани.

    Со голема тага и сочувство се обрати и претседателот на Советот, Намик Дурмиши:

    „Не постојат зборови за оваа трагедија. Со длабока тага ја доживуваме и искрено се надеваме никогаш да не се повтори. Апелирам до сите граѓани да бидеме обединети и да им помогнеме на семејствата на настраданите, молејќи се за побрзо закрепнување на повредените.“

    Од име на советничката група на ДУИ, Вјолца Бафтиу Зулбеари прочита телеграма со сочувство, истакнувајќи дека ова е рана која никогаш нема да зарасне.

    Седницата почна со едноминутно молчење во чест на жртвите од катастрофата што ја зави Македонија во црно. Советниците изразија надеж за што поскоро оздравување на повредените.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена