Гостивар
Општина Гостивар ќе додели помош на семејствата на жртвите во пожарот во Тетово

Општина Гостивар ќе издвои финансиски средства од општинскиот буџет за семејствата на загинатите во катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово. Гостиварскиот Совет попладнево одржа вонредна седница и донесе одлука, да бидат доделени по 61.000 денари за секое семејство погодено во трагедијата.
„Сакам да изразам огромно жалење, предлагам за секое семејство да издвоиме по 61.000 ден и јас сум подготвен една моја плата да ја донирам во истата цел“, изјави Таравари на седницата.
Советниците исто така одлучија да го донираат надоместокот што го добиваат како советници во знак на солидарност.
Седницата започна со едноминутно молчење оддавајќи почит кон жртвите. Во пожарот во Тетово животот го загубија 14 лица.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер