Гостивар
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Субвенционирање за набавка на инвертери за греење и на велосипеди се мерки кои Општина Гостивар ги предвидува за годинава, во рамки на Програмата за заштита на животната средина. За таа цел од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 3,5 милиони денари, од кои 2 милиони за инвертери и 1,5 милиони за велосипеди.
Во однос на субвенционирањето за купување инвертери, во Програмата стои дека целта е да се намали аерозагадувањето:
„Цел на оваа мерка е намалување на емисиите на загадувачки супстанции во воздухот од домаќинствата, односно загадувачки супстанции PM10, PM2,5 и CO. Со ова мерка се очекува значително намалување на емисиите на загдувачки супстанции во воздух, подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и зголемена заштеда на енергија за греење на домаќинствата.“
Доделувањето ќе оди преку јавни повици кои ќе ги објавува општината. Во Пограмата се наведува дека при спроведување на мерката ќе се води грижа за субвенционирање на ранливите категории (самохрани родители, корисници на социјална помош и сл.)
Во насока на заштита на животната средина, во 2025 година треба да почне и спроведувањето на мерки изгласани од форумот на заедницата: “Зазеленување и пошумување на градот и уредување на пешачки и велосипедски патеки“ на береговите на реката Вардар во урбаниот дел. Ова е дел од проектот за „Намалување на загадувањето на воздухот“ финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој(СИДА), кој се реализира преку УНДП. Вкупната вредност е 6 милиони денари, од кои општината кофинансира половина.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар