Гостивар
Општина Гостивар: Ќе ги санираме штетите и ќе ангажираме чувар на спортско рекреативниот центар
Гостиварската локална самоуправа денес на прес конференција излезе и со официјална реакција за уништувањата на дел од реквизитите во новиот спортско-рекреативен центар покрај Вардар. Најавија дека ќе ги санираат штетите, а во иднина ќе ангажираат чуварска служба за да не се повторуваат вакви лоши глетки.
„Последниве денови бевме сведоци на вандализам врз јавниот имот, за што се огорчија илјадници граѓани кои секојдневно го користат новиот спортско-рекреативен центар. Општина Гостивар ќе ги санира сите оштетувања, а во иднина за да се избегнат вакви вандализми од страна на неодговорни поединци, ќе биде ангажиран чувар за заштита на нашиот заеднички имот. Секое ќоше од нашиот град треба да го чуваме како наш дом, па затоа секој ваков чин не‘ повредува сите нас.“, изјави Афердита Мислими Хамза од Општина Гостивар.
Центарот, кој се протега од малиот до големиот мост во должина од околу половина километар, беше пуштен во употреба кон крајот на минатата година. Се работи за проект со вкупна финансиска рамка од 250 илјади евра, реализиран преку УНДП, со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и општинскиот буџет.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник