Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар ќе го стимулира користењето на велосипеди – издвоени 900.000 денари

Објавено

на

Локалната самоуправа на Гостивар годинава ќе ги зајакнува мерките против аерозагадувањето. Советот на последната седница усвои Стратегија за чист воздух, а буџетот за заштита на животната средина за 2020-та година изнесува 3,6 милиони денари, што е двојно повеќе од лани.

Надлежните за животна средина ги анализираат и евидентираат изворите на загадувањето. На територијата на Општина Гостивар има 2 асфалтни бази и 3 фабрики со А интегрирани еколошки дозволи, и 10 каменоломи со Б дозволи. Работат и голем број на капацитети за производство на бои, лакови, живинарски фарми и слично кои исто така, придонесуваат за нечист воздух.

Околу 20% од аерозагадувањето отпаѓа на автомобилите и загревањето на домовите.

„Затоа, како и минатата година предвидуваме да даваме субвенции на домаќинствата за замена на изворот на загревање, односно наместо дрва, јаглен, нафта да ги поттикнеме да користат инвертери. Околу 900 илјади денари, пак ќе се издвојат за субвенционирање на велосипеди, со што сакаме да ги поттикнеме граѓаните, наместо автомобили што почесто да користат велосипеди во секојдневието, кога одат на работа или да завршат обврски“, рече Зуди Џелили од Општина Гостивар.

Субвенциите за набавка на инвертери, општината лани ги додели по пат на јавен оглас, на кој граѓаните можеа да аплицираат под одредени услови. Процесот ќе се одвива на истиот начин и годинава. Во делот на стимулирањето на користење велосипеди, посебна комисија допрва ќе ги утврдува деталите.

Борбата против загадувањето на воздухот во Гостивар ќе се води и со зголемување на зелените површини, изградба на нови паркчиња, помасовно засадување на дрвја и слично.

Според податоците од државниот мониторинг за квалитет на воздухот, од 31 ден во јануари во Гостивар дури 27 дена било надминато нивото на штетни ПМ10 честички во воздухот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена